Средбата беше одлична можност граѓаните директно да ги споделат своите идеи и потреби, со што активно учествуваат во обликувањето на јавниот простор.
Процесот на планирање се темели на инклузивност и транспарентност, при што предлозите на жителите се клучен фактор во дизајнот на паркот. Предвидени се: нови зелени површини, современи содржини за деца, простори за рекреација и одмор, одржливи и еколошки решенија..
Проектот има за цел да придонесе кон подобрување на квалитетот на живот и да создаде современо, зелено и хумано место за живеење за сите генерации во Волково.
Овој парк не претставува само инфраструктурен зафат, туку долгорочна инвестиција во здравјето, благосостојбата и заедништвото на локалната заедница.
Извор: Општина Ѓорче петров
