Првата форумска сесија е закажана засреда, 8 јули 2026 година, со почеток во09:30 часот, во спортската сала зад СОУ „Миле Јаневски-Џингар“ во Македонска Каменица.
Проектите што ќе бидат предложени и приоритизирани од граѓаните на Општина Македонска Каменица ќе бидат финансирани од фонд во вкупна вредност до30.000 американски долари (USD), при што Општината учествува со половина од средствата. Другата половина е обезбедена преку програмата „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, која ја финансираат Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во соработка со национални и локални партнери.
Преку Форумите во заедницата, како втора компонента на оваа програма, преку јавни консултации ќе бидат предложени и финансирани проекти што ќе придонесат за поголемо социјално влијание, ќе обезбедат еднакви можности за мажите и жените, ќе поттикнат партнерства помеѓу организациите и граѓаните и ќе бидат одржливи и по завршувањето на финансирањето од Општината.
Главна тема на интервенција е социјалната инклузија, вклучувајќи и теми поврзани со заштитата на животната средина, управувањето со ризици од катастрофи и природни непогоди, родовата еднаквост, ранливите категории граѓани, доброто владеење и меѓуетничката соработка.
Општина Македонска Каменица е една од 10 општини од оваа фаза на проектот на УНДП, во рамките на кој до завршувањето во 2028 година ќе бидат опфатени вкупно 40 општини. Заедно со Фаза 1, опфатени се вкупно 40 општини.
Програмата е во вредност од6,8 милиони американски долари (USD).
Извор: Општина Македонска каменица
