Неготино (Вести): Историски успех на фудбалерите на ГФК Неготино на турнир во Бугарија09/03/2026|Новости|adminЕкипата на ГФК Неготино учествуваше на меѓународен турнир…Read More→Историски успех на фудбалерите на ГФК Неготино на турнир во Бугарија

објавено во Општински вести | 0
09/03/2026|Новости|admin

Екипата на ГФК Неготино учествуваше на меѓународен турнир во Сандански, Бугарија, со вкупно 45 млади фудбалери и 5 тренери, распределени во четири генерации: деца родени 2013-2014, 2015, 2016 и 2018-2019 година.

Неготинските  млади таленти постигнаа извонредни резултати и освоија три први места и

Покрај екипните успеси, беа освоени и пет индивидуални награди:и тоа за најдобар играч, најдобар стрелец, најдобар голман и најдобар играч на турнирот. Ова претставува најголем успех во историјата на клубот, бидејќи на еден меѓународен турнир ГФК Неготино успеа да освои толку голем број награди.

Градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева присуствуваше на пречекот на фудбалерите и нивните ментори и упати честитки до сите млади фудбалери, тренери и за сите кои беа дел од овој голем успех.


Извор: Општина Неготино