ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ – 1/2026 за унапредување на 1 административен службеник во општинската администрација на општина Дебрца
Општина Дебрца објавува интерен оглас за унапредување административен службеник 1(еден) извршители и тоа:
1.УПР 01 01 Б04 000 Раководител на одделение за правни прашања и општи работи, Одделени за правни прашања и општи работи – 1(еден) извршител;
Посебни услови предвидени за работното место под точка 1 утврдени со актот за систематизација се:
и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Научно истражувачко подрачје:Општествени науки Научно истражувачко поле:Правни науки.
работно искуство, и тоа: најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раковнодно работно место во приватен сектор;
На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во општина Дебрца кој ги исполнува општите и посебните услови пропишани за работното место како и:
Кон пријавата можат да се приложат и други докази:
Рокот за пријавување на интерниот оглас е 5 (пет) дена од денот на објавувањето.
Заинтересираните административни службеници, поднесуваат пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Општина Дебрца и до службената електронска адреса:contact@debrca.gov.mk.
Пријавените административни службеници ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја фаза од постапката на веб станата на општина Дебрца и тоа:
Фаза 1 – административна селекција се спроведува најдоцна 15 дена од денот на истекот на рокот за пријавување.
Фаза 2 –интервју се спроведува во рок од 5 дена од завршување на фаза 1.
Дневното и неделното работно време е од 07:30 часот до 15:30 часот, од понеделник до петок, 40 работни часа неделно.
Платата за работно место под точка 1 е во паричен нето износ од 40.289,00 денари.
Административниот службеник кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка.
Со почит,Градоначалник на Општина Дебрца
Извор: Општина Дебарца
