Се работи за темелна реконструкција, се вади постоечкиот асфалт и бетон, се вадат рабниците, се врши ископ на постоечки тампон, се врши вградување на нов тампонски материјал, се поставуваат нови рабници, се врши асфалтирање во два слоја, се поплочуваат тротоари и се врши нивелација на постоечки шахти.
За изведување на градежните работи, ќе се користи градежна механизација од различен вид – градежни машини, транспортни возила, ваљаци, како и механизација за асфалтирање. Ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација согласно проект за времен режим на сообраќај одобрен од МВР СВР Велес.
Делницата ќе се реконструира во две фази.
Се замолуваат граѓаните кои гравитираат на овој дел од градот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, да покажат трпение и разбирање, со цел безбедно, непречено и квалитетно изведување на градежните работи.
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Велес. Сите информации за градот и околината на едно место.
Извор: Општина Велес
