Битола: СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НА БИТОЛА И ПУСТЕЦ

објавено во Општински вести | 0
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и претседателот на Советот Бојан Бојкоски денеска имаа средба со градоначалникот на Пустец, Пали Колефски, кој е во посета на Општина Битола.

На средбата двајцата градоначалници разменија информации за состојбите во општините, за проектите кои ги реализираат, како и за продолжување на соработката во повеќе области.

Беше нагласена и иницијативата од двете страни, како општините да продолжат да соработуваат и преку прекугранични проекти со европски пари, за што и двете општини имаат искуство во таквата соработка.

ОРКЕСТАРОТ „DIVA“ НАЈАВУВА БОГАТА И ВОЗБУДЛИВА ПРОГРАМА

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ИСПЛАТА НА ШТЕТИ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ


Извор: Општина Битола