По повод 150 –годишнината од Разловечкото востание, АДНационални поштиизработиофицијална поштенска марка со мотиви од Разловечкото востание. Печатењето на марката беше завршено кон крајот на месец април оваа година, а официјалната промоција на поштенската марка„150 години Разловечко востание” ќесе одржина пригодна свеченост на 18 мај во Спомен–домот АСНОМ во Делчево во рамки на манифестацијата за одбележување на значајниот јубилеј. Промоцијата на марката ќе ја изврши Бојан Кареместевски-директор на Секторот за поштенски операции приАДПошти на Македонија,како и градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски. На промоцијата на поштенската марка ќе бидат поделени промоизданија од самата марка на присутните претставници на институциите и останати заинтересирани граѓани.
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.
Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)
Телефон / Факс:+389 33 411 550
Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk
Веб страна:www.delcevo.gov.mk
Извор: Општина Делчево
