Крива Паланка (Новости): Општинска делегација од Крива Паланка во официјална посета на град Врање

објавено во Општински вести | 0
Делегација на Советот на Општина Крива Паланка, предводена од градоначалникот Сашко Митовски, оствари официјална еднодневна посета на град Врање, Република Србија, по повод одбележувањето на Денот на градот – 31 јануари.

На покана на градоначалникот на Врање, Слободан Миленковиќ, делегацијата од Крива Паланка присуствуваше на централната свеченост и свечената академија, како и на повеќе настани организирани во рамки на празнувањето на  празникот на градот.

Крива Паланка и Врање негуваат пријателски односи и воспоставена меѓуопштинска соработка, а оваа официјална посета претставува уште една потврда за заемната подготвеност за нејзино натамошно унапредување, преку размена на искуства и продлабочување на соработката во области од заеднички интерес.


Извор: Општина Крива паланка