Пробиштип (Новости): Јавен повик до здруженија на граѓани за предлагање на членови на Општински совет

објавено во Општински вести | 0
Врз основа на член 36 став 1 точка 1 од Законот за локална самоуправа(Службен весник на РМ бр.5/2002) и член 21 став 1 точка 11, а во врска со член 15 став 1 точка 7 од Статутот на општина Пробиштип (Службен гласник на општина Пробиштип) 4/2005, 25/2014,14/2019 и 23/2019), а врз основа на Одлуката за формирање на Совет за социјална заштита на општина Пробиштип со број 26-904/10 од 27.09.2019 година Градоначалникот на општина Пробиштип на ден 18.02 2026 година објавува:

До здруженија на граѓани за предлагање на членови на Општински совет за социјална заштита

1. Цел на јавниот повикЗа остварување на дејноста на социјалната заштита, општина Пробиштип , развива локални мерки и активности за социјална заштита согласно Законот за социјална заштита и формира Општински совет за социјална заштита. Општинскиот совет за социјална заштита покрај претставниците од установите е составен и од претстаници на даватели на услуга, здруженија на граѓани и други правни и физички лица кои вршат дејност на социјалната заштита.Општина Пробиштип со овој јавен повик ги повикува здруженијата на граѓани , даватели на социјални услуги, стручни лица активни во областа на социјалната заштита, здравството, заштитата на деца , стари лица, лица со попреченост и други ранливи категории да предложат /овластат свои претставници за членови кои ќе учествуваат во работата на Општинскиот Совет за социјална заштита со мандат од 4 години.Именуваните членови на Општинскиот совет за социјална заштита ќе извршуваат работи и задачи согласно Законот за социјална заштита, ќе учествуваат во изготвување на социјален план за подрачјето на општина Пробиштип кој содржи мапирање на социјалните проблеми и ранливите групи во општината, анализата на капацитетите и расположливите социјални услуги како и специфичните потреби за развој на социјални услуги во општина Пробиштип.

2. Право на учество имаат:– Регистрирани здруженија согласно Закон за здруженија-Имаат релевантно искуство во областа на социјалната заштита и спроведуваат активности во општина Пробиштип

3. Критериуми за предложените кандидати-Да поседуваат соодветно образование или искуство во областа на социјалната заштита или сродни области-Да живеат во општината и да уживаат углед и доверба во заедницата-Да имаат интерес и подготвеност активно да учествуваат во работата на Советот за социјална заштита.4. Потребна документација-Образец -Пријава-Кратка биографија за предложеното лице-Одлука од надлежен орган на здружението за предлагање на кандидатот-Решение (копија) за упис во регистар на здруженија на РСМ не постара од 6 месеци-Изјава за согласност од кандидатот5.Рок и начин на пријавувањеЈавниот повик трае до 10 работни дена од денот на објавувањето .Целокупната документација се доставува до Архивата на Општина Пробиштип или преку пошта на адреса Јаким Стојковски бр.1 , 2210 Пробиштип секој работен ден од 07:30-15:30 часот или по електронски пат на емаил info@probistip.gov.mk.


Извор: Општина Пробиштип