пштина Новаци продолжува со активностите за унапредување на животната средина и создавање позелени и поубави јавни простори.
Во рамки на акцијата за хортикултурно уредување се засадува зелен појас од 130 јавори за заштита од пожари долж улицата бр. 1, која води до новата Индустриска зона Новаци. Со оваа активност ќе се формира зелен појас кој ќе придонесе за подобар амбиент, намалување на прашината и подобрување на квалитетот на воздухот во овој дел од општината.
За успешна реализација на акцијата, Општина Новаци во соработка со ЈКП ,,Комунална хигиена “Новаци, претходно изврши подготовка на теренот со сопствена механизација и човечки ресурси, обезбедувајќи соодветни услови за засадување и понатамошен развој на садниците.
Создавањето нови зелени површини претставува инвестиција во иднината, во заштитата на животната средина и во подобри услови за живот на сите граѓани.
Активноста се спроведува во рамките на проектот „Земјоделство безбедно од пожари во Општина Новаци“ , а е спроведуван од страна на Здружение Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ). Програмата е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (Swiss Аgency for Development and Cooperation – SDC) и координирана од Фармахем од Скопје, како Регионална извршна агенција на програмата.
Заедно градиме позелена, поуредена и поодржлива Општина Новаци!

Извор: Општина Новаци