Делчево (Конкурси): ЈАВЕН ПОВИК за членови на Локален младински совет на Општина Делчево

објавено во Општински вести | 0
Врз основа на член 18 став 1 од Законот за младинско учество и младински политики („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 10/2020) и членот 64 став 1 од Статутот на Општина Делчево („Службен гласник на Општина Делчево“ 15/2013,2/2019 и 1/2021), Локалното собрание на млади при Општина Делчево на ден13.01.2026година распишува

за членови на Локален младински совет на Општина Делчево

(1) Собранието на млади при Општина Делчево распишува Јавен повик за членови на Локален младински совет на Општина Делчево.

(2) Претставниците на Локалниот младински совет имаат право да:

– предлагаат точки на дневен ред на Советот на Општината,

– иницираат прашања за млади од делокругот на работата на Општината,

– иницираат, учествуваат и даваат повратни информации за процесот на локална младинска стратегија и други политики,

– доставуваат информации до Општината,

– вршат други советодавни и застапувачки работи во согласност со Законот за младинско учество и младински политики.

(3) Бројот на членови на Младинскиот совет е пет, кои имаат мандат од две години со право на уште еден избор.

(4) Повикот е отворен за сите младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои ќе ги исполнат следните критериуми:

(5) Сите заинтересирани организации кои ги исполнуваат критериумите потребно е да ги достават следните документи:

(6) Пријавите за членство во Локалниот младински совет се поднесуваат електронски на  e-mail адресатаinfo@delcevo.gov.mkили во Архива на Општина Делчево, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот или по пошта на адреса:Општина Делчево, ул. „Светозар Марковиќ“ бр.1,со назнака „Апликација за членство во Локален младински совет“

(7) Рокот за пријавување е заклучно со 22.01.2026 година.

(8) ) Изборот на  членови на Локалниот младински совет го врши Собранието на млади, по пат на непосредни избори со тајно гласање во кое право на глас имаат делегатите од Локалното собрание на млади. За избрани членови на Локалниот младински совет се сметаат оние кандидати кои освоиле најмногу гласови од страна на присутните делегати.

(9) За повеќе информации околку повикот може да се обратите на e-mail адресатаinfo@delcevo.gov.mkи на телефонскиот број 075 388 956 кај административниот службеник Милена Багевска.

Собрание на млади на Општина ДелчевоПретседавачАна Ивановска

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.

Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)

Телефон / Факс:+389 33 411 550

Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk

Веб страна:www.delcevo.gov.mk


Извор: Општина Делчево