за изразување интерес за учество на претставник од граѓанските организации како набљудувач во Комисијата за евалуација на предлог проекти во рамките на ReLOaD3 програмата во Општина Берово
Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD3) е продолжение на партнерството на ЕУ – УНДП и претходно поддржаните иницијативи ReLOaD1 и ReLOaD2 што се спроведоа во период 2017-2024 год и се реализира со финансиска поддршка на Европската Унија.
ReLOaD3 програмата ќе трае до јануари 2029 и има за цел јакнење на партнерствата меѓу општинските власти и граѓанското општество преку создавање на поповолна средина за граѓанските организации (ГО), со поддршка на транспарентно јавно финансирање, поттикнувачка правна рамка, како и зголемено граѓанско учество во креирањето, спроведувањето и следењето на јавните политики.
Во програмата се вклучени 5 општини: Аеродром, Берово, Кавадарци, Центар и Штип.
Општина Берово објави Јавен повик во рамките на ReLOaD3 програмата за предлог проекти од граѓанските организации. Повикот беше објавен на 05.02.2026 и ќе трае до 05.03.2026, при што евалуацијата на пристигнатите предлог проекти е планирана да се одржи во март 2026 година. Времетраењето на евалуацијата ќе зависи од бројот на добиени предлог проекти, но се очекува да трае од 3-5 дена.
За да се обезбеди транспарентен и отворен процес на селекција на предлог проектите од граѓанските организации за доделување на грант во рамките на ReLOaD3 програмата, Општина Берово во соработка со УНДП објавува Јавен повик за изразување интерес за учество на претставник од граѓанските организации како набљудувач во Комисијата за евалуација на предлог проектите поднесени од граѓанските организации во рамките Јавниот повик кој е објавен во Општина Берово.
Претставникот на граѓанските организации во Комисијата за евалуација ќе ги има следниве должности и обврски:
Кандидатот за набљудувач во Комисијата за евалуација мора да бидечлен и/или постојано вработено лицево граѓанска организација што е законски основана согласно Законот за здруженија и фондации. Пожелно е кандидатот да има:
Кандидатите мора да ги достават следниве документи по електронски пат наopstinaberovo@berovo.gov.mk
Претставникот на граѓанските организации ќе работи на доброволна основа/без финансиски надомест.
Граѓанската организација од која доаѓа претставникот што ќе биде избран за член на комисијата за евалуација, независно дали истиот е член или постојано вработен во организацијата,НЕ МОЖЕда аплицира на јавниот повик во рамките на ReLOaD3 програмата кој го објави Општинa Берово, ниту како носител на проект, ниту како партнер.
Крајниот рок за поднесување на апликациите е 02.03.2026до15:00часот.
Доколку Ви се потребни дополнителни информации, Ве молиме обратете се кај лицето Ѓорѓи Пеовски на ([email protected])
Добредојдовте на официјалната интернет страница наОпштина Берово.
Адреса:Ул. „Димитар Влахов“ бр.10, 2330 Берово
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:00 до 10:30 часот)
Телефон / Факс:+389 33/471-057
Е-пошта[email protected]
Извор: Општина Берово