Кочани (Вести): Патот кон браната Гратче исчистен од обраснатата вегетација

објавено во Општински вести | 0
Со механизација беше отстранета вегетацијата од двете страни на коловозот, со што е подобрена прегледноста на патот и е зголемена безбедноста за сите учесници во сообраќајот.

Општина Кочани упатува благодарност до граѓаните за разбирањето и трпението за време на реализацијата на активностите и најавува дека и во наредниот период ќе продолжат мерките за уредување и одржување на локалната патна инфраструктура.


Извор: Општина Кочани