Радовиш (Вести): Јавен повик за користење на финансиски средства од буџетот на Општина Радовиш за

објавено во Општински вести | 0
Врз основа на член 20, 21 и 22 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на Р.М. бр.05/02), член 14, 15 и 43 од Статутот на Општина Радовиш („Службен гласник  на Општина Радовиш „ бр. 07-765/1, 15.10.2002), Правиликот бр.09-696/1 од 27.05.2024 година донесен од страна Советот на Општина Радовиш, измена и дополнување на Правилник бр.08-1590/1 од 24.12.2025 година донесен од страна Советот на Општина Радовиш, Одлука бр.08-166/1 од 30.01.2026 година донесена од страна Советот на Општина Радовиш и Програмата за Локален економски развој за 2026 година бр.08-1583/2 од 24.12.2025 година на Општина Радовиш за субвенционирање на физички лица за купен велосипед, Градоначалникот на општина Радовиш објавува:

За користење на финансиски средства од буџетот на Општина Радовиш за 2026 година, за субвенционирање на физички лица – жители на Општина Радовиш за надоместување на дел од трошоците за купен велосипед согласноПрограмата за Локален Економски Развој,на ОпштинаРадовишза 2026 година.

Содржина на јавниот повик

Финансиските средства предвидени воПрограмата за Локален Економски Развојoд Буџетот на ОпштинаРадовишза 2026година ќе се доделуваат нафизички лица – жители на Општина Радовишпо поднесено барање за субвенционирањена дел од трошоцитепо основ на купен велосипед.Право на користење на финансиски средства имаат физичките лица кои ќе набават-купат велосипед одминимум 20”(инчи)од денот на објавувањето на јавниот повик до денот на завршување на повикот и ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на велосипед. На барателот/физичкото лице ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавката/купувањето на велосипед во висина од50%од вредноста на велосипедот, но не повеќе  од12.000,00 денари.

Јавниот повик трае30 денаод денот на објавувањето. Јавниот повик ќе се реализира по принципот“Прв дојден, прв услужен“. Јавниот повик се преќинува доколку се утврди дека се исцрпени сите предвидени финансиски средства пред официјалниот истек на јавниот повик, при што Општина Радовиш ќе ја информира јавноста на својата веб страна и на огласната табла дека повикот се преќинува поради исцрпеност на предвидените финансиски средства и дека повеќе нема да се примаат барања за овој повик.

Право на поднесување на барање

Право на поднесување на барањеза субвенционирањена дел од трошоцитепо основ на купен велосипедимаат сите физички лица со живеалиште во Општина Радовиш, кои ги исполнуваат условите на овој јавен повик. Право на поднесување на барањеза субвенционирањена дел од трошоцитепо основ на купен велосипеднемаат вработените во ЕЛС Општина Радовип и нивното потесно семејство (лицата во брачна заедница и нивните деца).

Критериуми за физичките лица кои ќе поднесат барање на овој повик се:

Потребна документација:

Поднесување на барањето:

Барањето со пропратната документација треба да биде доставено во затворен плик.

Рокот за поднесување на пријавите е30 денаод објавувањето на јавниот повик сметаноод05.02.2026 година а заклучно до 06.03.2026 година,секој работен денод 07:30 до 15:00 часот.

Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта или лично до архива на адреса:

Бул.„Александар Македонски“ Бр.7, Радовиш

На пликот во горниот лев агол треба да стои:„Не отварај“,а во долниот десен агол:“Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на физички лица за купување на велосипед.“

Напомена: Пријавите со непотполна документација или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Доставените прилози не се враќаат.

Физичките лица/Барателите ќе бидат известени за резултатите во рок од  15 дена од денот на донесување на Решението за субвенционирање на физички лица-жители на општина Радовиш за купен велосипед.

Лазар Газепов и Ристе Стевков

Е-Mail: radovis@radovis.gov.mk


Извор: Општина Радовиш