Шуто Оризари (Настани): ПРОГРАМА  ЗА КОМУНАЛНИ ДЕЈНОСТИ (Ј) за 2026 ГОДИНА

објавено во Општински вести | 0
Најобемна програма за секојдневно функционирање и развој на општината

Програмата за комунални дејности претставува еден од најзначајните и најобемни документи за функционирање на Општина Шуто Оризари. Таа ги интегрира сите активности поврзани со комуналното уредување и располага со буџет од228.816.280,00 денари

ШТО ОПФАЌА ОВАА ПРОГРАМА

Програмата обезбедува средства за чистење на јавните површини, собирање и транспортирање на комуналниот отпад, ангажирање на комунални работници и набавка на потребната опрема и алат за нивната работа. Целта е подигнување на хигиената во сите делови на општината

Предвидени се средства  за

Програмата опфаќа интервенции за :

КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ- НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД СРЕДСТВАТА

Изградба и реконструкција на локални патишта и улици:185,490.964,00 денари

Овие средства се наменети за реконструкција на десетици улици на територијата на општината меѓу кои:

Група 1– Гарсија Лорка, Кипарска ( крак 1,2 и 3), Тиквешка, Слан дол, Злетовска, Бутелски венец, Волт Дизни

Група 2– Карбуница ( крак 1,2 и 3), Рељо Шестокрило ( крак 1,2 и 3), Диме Мечето ( крак 1,2 и 3)

Група 3– Хаџи Јован Шишко, Смилевска, Плачковица, Селечка планина, Галичица

Група 4– Вашингтонска ( дел 1 и 2), Овчеполска ( крак 2 и 3), Че Гевара ( крак 2), улица 1673, Демирхисарска ( крак 1,2,3 и 4)

Група 5– Ѓорѓи Пенков ( крак 1 и 2), Метохиска  ( крак 1-7), Рељо Шестокрило (крак 3)

Група 6–  Брсјачка Буна ( фаза 2, фаза 3 и крак 1), Македонско Косовска бригада, Клисурска

Изградба на атмосферска и фекална канализација: 21.380.316,00 денари

Со овие средства се решава повеќедеценискиот проблем со отпадните води преку изградба на нова канализациона мрежа во следните улици:

Атмосферска канализација: Карбуница ( крак 1,2 и 3), Кипарска ( крак 1,2 и 3), Вашингтонска ( крак 1-4), Гвадалахара, Пелагонија, улица 1673, Рељо Шестокрило

Фекална канализација: Волт дизни, Ѓорѓи Пенков, Вашингтонска (дел), Брсјачка Буна ( довршување и спојување), Диме Мечето, Селечка планина, Слан дол, Злетовска, Клусурска

УРБАНА ОПРЕМА И ЗЕЛЕНИЛО – 1.000.000,00 денари ( капитални расходи)

Програмата обезбедува средства за:

Програмата за Комунални дејности е од клучно значење за секојдневниот живот на граѓаните бидејќи ги опфаќа сите аспекти на комуналното уредување – од основната хигиена до капитални инфраструктурни проекти.

Граѓаните преку оваа програма добиваат:


Извор: Општина Шуто оризари