Виница: Исплата на надоместоците за лицата ангажирани во спроведувањето на локалните избори

објавено во Општински вести | 0
✅ ️Денес извршивме исплата на надоместоците за лицата ангажирани во спроведувањето на двата круга од локалните избори кои се одржаа минатата година во вкупен износ од 6.500.000 денари.✅️ Истовремено исплативме и 8.000.000 денари достасани обврски за изградба и реконструкција на улици и 2.000.000 денари за изработка на проекти и геодетски услуги.✅️ Ја исплативме и последната рата од кредитот од 2013 година во износ од 2.300.000 денари.✅️ Откако стапив на функцијата градоначалник целосно го исплативме и долгот за реконструкција на Кино салата од 3.200.000 денари, како и сите завршни ситуации за изградба на Градскиот пазар во износ од 4.500.000 денари.➡️ Заедно со останати помали исплати за 3 месеци исплативме речиси 30.000.000 денари обврски кои Општина Виница ги имаше кон добавувачите.


Извор: Општина Виница