Во рамки на посетата, делегацијата од Крива Паланка учествуваше и на традиционалниот Фестивал на јаготката, една од најзначајните манифестации во Менемен, која претставува симбол на локалната традиција, земјоделство, култура и меѓународно пријателство.
За време на средбите беше изразена заедничка подготвеност за воспоставување и продлабочување на институционалната соработка помеѓу двете општини во повеќе области од заеднички интерес.
Со особено задоволство беше истакнато дека Општина Крива Паланка ќе биде првата официјално збратимена општина на Менемен, а постапката за збратимување е веќе започната и се очекува наскоро да биде официјализирана при возвратната посета на делегацијата од Менемен на Крива Паланка.
Општина Крива Паланка продолжува активно да ја развива својата меѓународна соработка, градејќи нови партнерства и пријателства во насока на локален развој, размена на искуства и поврзување на заедниците.
Извор: Општина Крива паланка
