Богданци: Новогодишна радост за најмладите

објавено во Општински вести | 0
Со голема радост Ве информираме дека Дедо мраз пристигна во детската градинка „Коста Поп Ристов Делчев“ во Богданци и Стојаково и донесе радост, смеа и новогодишни пакетчиња кај дечињата.

Новата година носи нов почеток, нова надеж и најголема радост на децата, a со цел да се израдуваат сите дечиња во градинките, Општина Богданци од сопствениот Буџет обезбеди 300  пакетчиња и 50 пакетчиња беа донирани од Кам Маркет.

Насмевките и радоста на дечињата се нашата најголема мотивација и доказ дека заедно ја создаваме празничната магија.

Среќни новогодишни и божиќни празници!

Овозможено одМинистерство за дигитална трансформација.


Извор: Општина Богданци