Пред советниците, односно точка на дневен ред ќе биде и одлуката за формирање Совет за женско претприемништво.
Советниците ќе се произнесат и по Одлуката за примање на донација за изработка на основен урбанистички проект за инфраструктура–регулација на река Драгор во град Битола и Одлука за примање на донација скулптура Сончев часовник–спомен обележје.
Точка на дневен ред е и Решението за давање согласност на Одлуката за донесување на Ценовник за изведување на градежни работи–канализациони објекти на КЈП „Нискоградба“Битола за потребите на Општина Битола согласно договорите на Општина Битола склучени по вториот јавен повик од Владата и Министерствата и примена на член 24 од ЗЈН.
Предлог за именување на претставници од здруженија на граѓани
РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПЕТ УЛИЦИ ВО СЕЛОТО ТРН
Извор: Општина Битола
