Чаир (Новости): Знак на грижа и внимание за најмладите во градинката „СНЕЖАНА“

објавено во Општински вести | 0
Не е важна големината на донацијата, туку љубовта и грижата што таа ја пренесува до децата. Денес, градинката „СНЕЖАНА“ беше збогатена не само со нови кревети, столчиња и маси донирани од здружението „ULICELER“, туку и со вниманието и грижата посветена на најмладите. За време на посетата, Претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамед Муртези, истакна дека поддршката од г. Хусаметин Џеладин, заедно со соработниците Месут Неби, Џемал Сулејман и Бехар Хаџи Хамза, претставува убав пример за општествена одговорност и солидарност, која придонесува за создавање попријатна средина за одмор и игра.

Директорката Нарел Салих Бучи го оцени овој симболичен придонес, нагласувајќи дека градинката не е сама, туку има пријатели кои се грижат за благосостојбата на децата. Овој момент на солидарност е доказ дека кога заедницата се обединува, може да се создаде попријателска и поквалитетна средина за здрав раст и развој на идните генерации


Извор: Општина Чаир