Велес: НАСКОРО „ВЕЛЕШКО ЛЕТО 2026“

објавено во Општински вести | 0
Во тек се подготовките за „Велешко лето 2026“.  Програмата и годинава ќе биде богата со разновидни содржини и настани од областа на музиката, литературата, ликовната, филмската и друг вид на уметности. Настаните ќе се одржат на различни локации низ градот со што ќе бидат достапни до сите граѓани на Велес и пошироко.

„Велешко лето 2026“ започнува во петок, 10 јули, во Амфитеатар со почеток во 21:00 часот, со концерт на групата Некст тајм. Домаќин на отворањето ќе биде неповторливиот Стефан Николовски.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Велес. Сите информации за градот и околината на едно место.


Извор: Општина Велес