Општина Прилеп ја информира јавноста дека на ден22.12.2025 година, на официјалната веб-страница на Општина Прилеп, како и на веб-страниците на јавните претпријатија основани од Општина Прилеп, беа објавениЈавни повици за избор на членови на управни одборииЈавни повици за избор на членови на надзорни одбори, врз основа на поединечни решенија донесени од Градоначалникот на Општина Прилеп.
Со поединечни решенија донесени од страна на Градоначалникот на Општина Прилеп,СИТЕ ОБЈАВЕНИ ЈАВНИ ПОВИЦИ ЗА ИЗБОР НА ЧЛЕНОВИ НА УПРАВНИ ОДБОРИ И ЈАВНИ ПОВИЦИ ЗА ИЗБОР НА ЧЛЕНОВИ НА НАДЗОРНИ ОДБОРИ СЕ ПОНИШТЕНИ.
Советот на Општина Прилеп, на одржана седница, донесе одлука, односно поединечни одлуки, јавните повици за избор на членови на управни и надзорни одборида бидат повторно објавени на ден 09.01.2026 година.
Се известуваат сите лица кои доставиле апликации по поништенитеЈавни повици за избор на членови на управни одборииЈавни повици за избор на членови на надзорни одбори објавенина ден22.12.2025 година, дека истите можатлично да ги подигнат доставените апликации и целокупната придружна документацијавоПриемното одделение на Општина Прилеп, секој работен ден, во периодот од08:30 до 15:30 часот.
Дополнително, се информираат заинтересираните лица декаповлечените апликации и доставената документација можат повторно да се искористат, со задолжителноприложување на нов, уредно пополнет формулар за пријавување, согласно условите утврдени воновите јавни повици, кои ќе бидат објавени на09.01.2026 година.
Ова известување се објавува заради навремено, транспарентно и целосно информирање на јавноста и сите засегнати лица.
ПРЕЗЕМИ И З В Е С Т У В А Њ Е
Извор: Општина Прилеп
