ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИВО РАМКИ НА РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН3 (ReLOaD3)
Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD3) е продолжение на партнерството на ЕУ – УНДП и претходно поддржаните иницијативи ReLOaD1 и ReLOaD2 што се спроведоа во период 2017-2024 год.
ReLOaD3 програмата ќе трае до јануари 2029 и има за цел јакнење на партнерствата меѓу општинските власти и граѓанското општество преку создавање на поповолна средина за граѓанските организации (ГО), со поддршка на транспарентно јавно финансирање, поттикнувачка правна рамка, како и зголемено граѓанско учество во креирањето, спроведувањето и следењето на јавните политики.
Во програмата се вклучени 5 општини:Аеродром, Берово, Кавадарци, Центар и Штип.
Општина Центар и ReLOaD3 програмата ги повикуваат сите граѓански организации да поднесуват предлог проекти кои се доследни на развојните цели на општина Центар и со кои се опфатени следните приоритетни области:
Граѓанските организации можат да достават апликации во рамките на три ЛОТ-а:
Времетраење на проектите
150,000 – 307,000 МКД
307,001 – 615,000 МКД
615,001– 1,537,000 МКД
Јавниот повик е отворен за сите граѓански организации кои се формално регистрирани во Северна Македонија согласно со важечката законска регулатива (Закон за здруженија и фондации). Сите заинтересирани граѓански организации може да најдат детални информации за условите за пријавување и за критериумите за финансирање на проекти во Насоките за подносителите, кои се составен дел од документацијата за јавниот повик.
Важно:Подносителите на пријава мора да доставатважечка потврда/решение за регистрација на организацијата во земјата(за носителот на проектот и евентуални партнери)кој е задолжителен документ.
ПРЕЗЕМАЊЕ НА ДОКУМЕНТАЦИЈА:
Сите потребни информации и електронската верзија на од документацијата може да се најдат на веб-страницата на општина Центар(www.centar.gov.mk)), како и на веб-страницата на УНДП МК(www.undp.org/north-macedonia), во периодот од10 февруари до 10 март 2026 година.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Ј Jавниот повик ќе трае од 10.02.2026 (од 9:00 часот) до 10.03.2026 (до 15:00 часот). За времетраењето на јавниот повик ќе се одржи инфо сесија, обука и менторска поддршка за граѓански организации кои ќе учествуваат на јавниот повик.Инфо сесијата и првиот ден од обуката ќе се одржат на 12 февруари 2026 со почеток во10:00 часот во сала „Матично“ во Општина Центар. Вториот ден од обуката ќе се одржи на 13 февруари 2026 со почеток во 9:30 часот часот во сала Матично во Општина Центар.
Во текот на самиот повик ќе бидат овозможени и менторски средби.Првата менторска средба е закажана за 18 февруари 2026 година, а во текот на обуката ќе бидат договорени термините за преостанатите 3 менторски средби кои ќе бидат објавени на општинската веб страна.
Прашања во врска со јавниот повик може да се испратат електронски на следната е-мејл адреса:registry.mk@undp.orgсоназнака заReLOaD3програматанајдоцна до 04.03.2026. Одговорите ќе бидат испратени електронски во рок од 3 дена од приемот на барањето.
ПОДНЕСУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИИТЕ:
Документацијата за јавниот повик треба да биде доставенасамо во електронска форма на USBи треба да ги содржи задолжителните документи:
Доколку е применливо, да се достават и дополнителните документи. Документацијата треба да биде испратенапо препорачана пошта или лично, во запечатен плик на кој е назначено дека е за јавниот повик, во работни денови (понеделник до петок), помеѓу 09:00 и 15:00 часот, на следната адреса:
Апликациите кои ќе бидат поднесени по овој краен рок ќе бидат разгледани само доколку на поштенската марка стои датум и време на испраќање пред официјалниот краен рок. На надворешната страна на пликот мора да стои името на јавниот повик за поднесување предлог проекти, целосното име и адреса на подносителот, целосниот назив на проектот и назнаката„Да не се отвора пред официјалното отворање”.
Резултатите од Јавниот повик ќе бидат објавени на веб-страниците на општина Центарwww.centar.gov.mkи УНДП МКhttps://www.undp.org/north-macedoniaкако и на о гласната табла во општина Центар,во рок од 45 работни дена од затворањето на Јавниот повик (освен во случај на непредвидени околности).Само организациите чии апликации се избрани за финансирање ќе бидат известени по писмен пат.
Извор: Општина Центар