Делчево (Новости): Во Делчево ќе се поставуваат вендинг-машини

објавено во Општински вести | 0
Градоначалникот Иван Гоцевски денеска го потпиша Договорот за соработка со Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување ПАКОМАК со кој и се официјализираше меѓусебната соработка околу проектот од јавен интерес „Паметно управување со отпад од пакување во Македонија, фаза 2“.

Градоначалникот Гоцевски посочи дека со потпишувањето на овој Договор,Општина Делчевого започнува процесот за поставување вендинг-машини за собирање пластични шишиња и алуминиумски лименки и, конкретно, ги поттикнува навиките кај населението за селектирано собирање на отпадот од пакување и негово рециклирање, како и подигнување на еколошката свест забенефитите од селекцијата и рецклирањето во насока на заштитата и унапредувањето на животната средина.

–Ова не е само проект, туку чекор напред кон промена на свеста и навиките. Заедно, создаваме систем преку кој нашите сограѓани ќе имаат можност активно да учествуваат во селектирање и рециклирање на отпадот придонесувајќи за почиста и поздрава животна средина.Ќе продолжиме со вакви иницијативи кои носат реални придобивки за граѓаните и ја подигнуваат еколошката свест. Нашата цел е јасна а таа е чиста општина, одговорни граѓани и одржлива иднина, нагласи Гоцевски.

Инаку, на последната Седница на Советот беше донесена Одлуката со којаОпштина Делчево донира на ПАКОМАК ДОО Скопје 100.000,оо денари,како поддршка на Проектот од јавен интерес„Паметно управување со отпад од пакување во Македонија, фаза 2”со цел поддршка и вклучување наОпштина Делчево во проектот од јавен интерес.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.

Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)

Телефон / Факс:+389 33 411 550

Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk

Веб страна:www.delcevo.gov.mk


Извор: Општина Делчево