Дезинсекцијата ќе се изведува со УЛВ-апаратура за ладно замаглување поставена на пикап возило со претходница на друго возило означено со ротационо светло. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени следните населени места и локации:
Н.м-Врбјани, Н.м-Годивље, Н.м-Крушеани, Н.м-Обршани, Н.м-Бела Црква, Н.м-Пашино Рувци, Н.м-Воѓани, Н.м-Кореница, Н.м-Боротино, Н.м-Славеј, Н.м-Кривогаштани,Н.м-Подвис, Депонија, Блато река, Пречистителна станица, Пилана, Резервоар, попатни канали и шамаци и места со стоечки води.
Со цел избегнување на евентуални несакани последици се информираат пчеларите да превземат превентивни мерки за заштита на пчелните семејства. Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар,дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
Доколку граѓаните не се придржуваат на горенаведените превентивни мерки ЦЈЗ-Прилеп се оградува од секаква одговорност од појава на несакани последици.
Извор: Општина Кривогаштани
