Велес: ЗАШТИТНИКОТ НА ЛОЗАРИТЕ СВЕТИ ТРИФУН ОДБЕЛЕЖАН ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

објавено во Општински вести | 0
Со закројување на лозовите насади со што симболично се означува почетокот на земјоделските работи, се одбележа големиот христијански празник Свети Трифун, заштитникот на лозарите и винарите. И годинава, Општина Велес, организираше настани за одбележување на празникот. Граѓаните имаа можност да уживаат со богата програма од песни и ора во Младински парк. За добро расположение  и празнична атмосфера се погрижија фолклорниот ансамбл „Вила Зора“, детскиот хор „Св. Кирил и Методиј“, ансамблот „Керамичар“, „Велешката Чалгија“, КУД „Коле Неделковски“, „Стакато бенд“, „Екстрим бенд“. Впечатокот го комплетираше настапот на Игор Димовски со неговата Пауза за ракија и „Љубојна“.

Забавата беше збогатена со квалитетни вина од локалните винарии и вкусните закуски од велешките угостители.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Велес. Сите информации за градот и околината на едно место.


Извор: Општина Велес