Деновиве започнаа градежните работи за изградба на скејт-паркот.Имплементацијата наоваа активност е во рамки на проектот„ИнтегриранипрекуграничнитуристичкиакцииворегионотБлагоевград-Делчево“со финансиска помош од програмата Interreg VI-A IPA Бугарија – Северна Македонија 2021 – 2027. Вредноста на овој проект е2.403.000 ден, а работите ги изведува фирмата ПАНЕЛ-М.
Градоначалникот Иван Гоцевски направи увид во почетните работи и нагласи дека Делчево го слуша гласот на младите и ги збогатува содржините за спорт и рекреација.
– Заедно со скејт-паркот се гради и кејот на река Брегалница возводно во должина од 300 метри со што се влијае врз потенцијалната опасност од поплави, а коритото на реката ќе се уреди со што ќе се промени сликата во централното градско подрачје, а ќе прерасне и во убаво место за рекреација.Покрај заштита на објектите од ерозија и поплави има за цел поврзување со спортскиот центар во Делчево и формирање на една целина која ќе биде во функција на спортот и рекреацијата.Ова се значајни инфраструктурни проекти кои влијаат врз квалитетот на животот на граѓаните во пограничниот регион, истакна Гоцевски.
Заедно со овие два градежни проекти во фаза на развивање е и Маркетинг- стратегија за популаризација на туристички производ и поголем број други активности поврзани со јакнење на капацитетите и промоција на двата прекугранични региони во функција на туризмот. Проектот се имплементира во партнерство со Општина Благоевград, Здружението Регионален центар за застапување од Делчево и туристичкиот оператор „Алфатур“ од Благоевград.
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.
Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)
Телефон / Факс:+389 33 411 550
Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk
Веб страна:www.delcevo.gov.mk
Извор: Општина Делчево
