Овој план претставува долгорочна визија Струмица да стане безбеден, инклузивен и на луѓето ориентиран град, каде што пешачењето, возењето велосипед и јавниот превоз се претпочитани начини на движење.Воедно, целта е системот за мобилност да биде со ниски емисии и климатски отпорен до 2037 година.
Планот се изработува во рамките на Проектот за поврзување на локални патишта, финансиран со заем одСветска банка, а се спроведува одМинистерство за транспорт– Единица за спроведување на проекти.
Во прилог линк од планот(превземи)
Во оваа завршна фаза, исклучително важно е мислењето на граѓаните.
Вашите предлози и коментари можете да ги оставите преку формуларот за повратни информации:(превземи)
Извор: Општина Струмица