За градоначалникот Гоцевски оваа акција е добар пример како може иницијативите на граѓаните организирани преку месните заедници да се претворат во конкретни акции.
–Овае само една акција и верувам пример кој ќе го следат и другите месни и урбани заедници. Изразувам задоволство од начинот на кој сето тоа се организираше и од ангажираноста на новоформираната МЗ која покажа како може да се сака родното место и со заедничка акција и поддршка од Општината, да се одговори веднаш и на задоволство на сите. Сакам да нагласам дека сите иницијативи од месните или урбаните заедници за мене ќе бидат приоритети за решавање, но, најважно е што жителите покажуваат иницијатива, а општината е тука да им помогне, порача Гоцевски.
Инаку, во рамките на Програмата за извршување јавни работи која опфаќа активности за заштита на животната средина и подобар и квалитет на животот на граѓаните, се вклучени 29 лица. Програмата се реализира во рамки на мерки од Оперативниот план на АВРСМ.
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.
Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)
Телефон / Факс:+389 33 411 550
Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk
Веб страна:www.delcevo.gov.mk
Извор: Општина Делчево
