Валандово: ЈАВЕН ПОВИК за организирање на јавна презентација и јавна анкета за Нацрт Детален урбанистички план за Урбана единица 3, за Блок 3.1, населба “Центар”, во Град Валандово

објавено во Општински вести | 0
Apr 6, 2026|ОГЛАСИ И КОНКУРСИ

Врз основа на член 27 став 5 и член 50 од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на РСМ” бр.32/20,111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25 и 127/25“), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), Градоначалникот на Општина Валандово упатува:

за организирање на јавна презентација и јавна  анкета заНацртДетален урбанистички план за Урбана единица 3, за Блок 3.1, населба “Центар”, во Град Валандово, КО Валандово, Општина Валандово со технички број04/2026од Maрт2026годинаизработен одИнститут за урбанизам, сообраќај и екологија ИН-ПУМА ДОО Скопје

Се известуваат граѓаните, сите заинтересирани правни и физички лица од подрачјето опфатено со планот, подрачјата соседни на планскиот опфат, широката јавност, претставници на стручната јавност, претставници од органи на државната управа, претставници на единиците на локалната самоуправа, стручни лица од невладини организации и други стручни лица од областа што е релевантна за планирањето и за конкретниот плански опфат, дека општина Валандово организира јавна презентација и јавна анкета заНацртДетален урбанистички план за Урбана единица 3, за Блок 3.1, населба “Центар”, во Град Валандово, КО Валандово, Општина Валандово со технички број04/2026од Maрт2026годинаизработен одИнститут за урбанизам, сообраќај и екологија ИН-ПУМА ДОО Скопје.

– Насеверсо урбан блок 4.1– Наистоксо урбан блок 4.2, 4.3, 4.4– Најугсо урбан блок 5.8, 5.5– Назападсо урбан блок 2.5, 2.5, 2,2

Согласно опишаните граници за предметниот Детален урбанистички план за Урбана единица 3, за Блок 3,1. населба “Центар” во град Валандово помеѓу улиците Булевар Првомајска, улица Никола Карев, улица 4ти Јули, улица Орце Николов, улица Иво Лова Рибар и улица Моша Пијаде и улица 6ти Ноември, вкупната површина на планскиот опфат изнесува: 12.72 ха .

Јавната анкета за НацртДетален урбанистички план за Урбана единица 3, за Блок 3.1, населба “Центар”, во Град Валандово, КО Валандово, Општина Валандовосо технички број 04/2026 од Maрт 2026 година изработен од Институт за урбанизам, сообраќај и екологија ИН-ПУМА ДОО Скопје, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на  општина Валандово како и со објавување на планот во системот за е-урбанизам и на веб страната на Општина Валандово.

Јавната анкета ќе трае 45  (четириесет и пет) денови и тоа од  27.04.2026 година  до 10.06.2026 година, секој работен ден од 07.00 до 16.00 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица, можат да доставуваат писмени забелешки,  предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 28.04.2026 година (Вторник) во  13:00 часот во просториите на општина Валандово.

ОПШТИНА ВАЛАНДОВОул. „Иво Лола Рибар“ бр. 3, 2460 Валандово Република Северна Македонијаwww.valandovo.gov.mk

РАБОТНО ВРЕМЕПОНЕДЕЛНИК – ПЕТОК од 07:00 до 16:00 часот Пауза од 10:00 до 10:30 часот

Градоначалник на Општина Валандовоул. „Иво Лола Рибар“ бр. 3, 2460 Валандово Република Северна Македонијае-пошта:gradonacalnik@valandovo.gov.mkтел: 034/382-044, 034/382-007


Извор: Општина Валандово