Кривогаштани: Изработка на техничка документација за реконструкција на дел од улица „Архиепископ Доситеј“ во с. Крушеани

објавено во Општински вести | 0
На 22.05 е склучен договор помеѓу Бирото за регионален развој и Општина Кривогаштани, за реализација на проектот:

„Изработка на техничка документација за реконструкција на дел од улица „Архиепископ Доситеј“ во с. Крушеани“, за што од страна на Бирото се доделени средства во износ од 242.372 денари.

Со изработката на техничката документација се создаваат услови за понатамошна реконструкција и подобрување на патната инфраструктура во село Крушеани, со цел обезбедување поквалитетни услови за живот на жителите.

Продолжуваме посветено да работиме на подготовка и реализација на проекти кои придонесуваат за рамномерен локален развој и унапредување на инфраструктурата во сите населени места во општината.


Извор: Општина Кривогаштани