Виница: Кастрење на дрвјата на главната улица “Маршал Тито”

објавено во Општински вести | 0
Откако завршивме со кастрење на дрвјата долж булеварот, денес продолживме и со кастрење на дрвјата на главната улица “Маршал Тито”. Очекуваме дека денес и утре доколку дозволат временските услови да завршиме со кастрењето и овој период ги замолуваме граѓаните да имаат разбирање, а посебно возачите да бидат трпеливи и да не ги паркираат автомобилите доколку забележат дека на местото ќе се работи на кастрење на дрвја.


Извор: Општина Виница