Берово: Одржана пролетна трка во Берово

објавено во Општински вести | 0
Во организација на Општина Берово, а во соработка со основните училишта и средното училиште во Берово, успешно се одржа традиционалната пролетна трка, која собра голем број млади учесници и љубители на спортот.

Учениците се натпреваруваа во повеќе категории, поделени на девојчиња и момчиња, покажувајќи спортски дух и фер-плеј.

Од страна на Општина Берово,  беа доделени дипломи за освоено прво, второ и трето место, како и парични награди:

Притоа по категории, наградени беа следниве ученици:

Категорија ученици од прво одделение 50/70 метри

Категорија ученици од второ и трето одделение на 100 метри

Категорија ученици од четврто и петто одделение на 150 метри

Категорија ученици од шесто и седмо одделение на 150 метри

Категорија ученици од осмо и деветто одделение на 200 метри

Категорија ученици од средното училиште на 300/400 метра

Честитки до сите учесници,  упати градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, кој истакна дека спортот е една од најважните навики за здрав и квалитетен живот, особено кај младите.

👏 Браво за сите учесници и организатори – Берово продолжува да живее во духот на спортот и здравите вредности!

Добредојдовте на официјалната интернет страница наОпштина Берово.

Адреса:Ул. „Димитар Влахов“ бр.10, 2330 Берово

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:00 до 10:30 часот)

Телефон / Факс:+389 33/471-057

Е-пошта[email protected]


Извор: Општина Берово