Финансиската поддршка е активност во рамки на програмата за социјална заштита за 2026 година и произлегува од изборната програма на градоначалникот Дарко Костовски, која се спроведува во континуитет 5 години.
Финансиската поддршка е насочена кон сите граѓани кои имаат здравствени проблеми, како и граѓани од сите ранливи категории. Оваа поддршка е многу повеќе од финансиска помош-таа е подадена рака за секој граѓанин и исполнување на дадениот збор.
Градоначалникот останува посветен на креирање политики кои обезбедуваат заштита на најранливите категории на граѓани. Финансиската поддршка овозможува создавање на средина за еднакви можности на сите граѓани и потврдува дека предизборното ветување на градоначалникот е обврска што се исполнува.
ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје
понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.
Извор: Општина Бутел
