Делчево (Новости): Интензивно се подготвува новата Стратегија за ЛЕР на Делчево

објавено во Општински вести | 0
Интензивно се работи на изработката на новиот стратешки документ на Општина Делчево кој го планира локалниот економски развој за период од следните 5 години, односно за периодот од 2026 до 2031 година.

Со цел Делчево да добие сеопфатен и современ стратешки документ које од базично значење за реализацијата на проектите што ќе овозможат развој на општината на различни полиња во наредниот период, се одржа и втората работилница на која учествуваа претставници од сите области на општественото живеење во Делчево.

Во консултативен процес, на работилницата беа предложени приоритетни проекти класифицирани вонеколку столбови, како што се дигитална транформација и паметна општина; образование, спорт, култура и социјална политика, инфраструктура, заштита на животната средина и сл.

Инаку, втората работилница ја отвори градоначалникот Иван Гоцевски којшто ја истакна потребата од изработкатанаквалитетендокументот,но и запотребата за мерење на ефектите од преземените мерки и активности со цел дасе добијат реални индикатори за самиот развој на општината, локалната економија и стопанство.Воедно, тој ги потенцираше напорите и политиките коишто ги имплементира Општина Делчево за подобра соработка со бизнис-секторот, враќање на довербата и креирање на Делчево како место привлечно за инвестиции. Во таа насока е одржувањето на вториот бизнис-форум, но и формирањето на Советот за развој на туризмот.

Граѓаните на Општина Делчево на почетокот на септември оваа година ќе ја имаат на увид првичната верзија на документот за кој ќе се бараа и јавна консултација по што финалната верзија ќе биде дадена на усвојување на Советот на Општина Делчево.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.

Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)

Телефон / Факс:+389 33 411 550

Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk

Веб страна:www.delcevo.gov.mk


Извор: Општина Делчево