Делчево (Новости): Започна реконструкцијата на Спомен-домот „Разловечко востание“ во с. Разловци

објавено во Општински вести | 0
Започнаа градежните работи занепосредна заштита- конзервација и реставрација на Спомен-домот „Разловечко востание“ во с. Разловци. Проектот ќе се спроведува во 5 фази и предвидува конзервација и реставрација на кровот, конзервација на внатрешни и надворешни ѕидови, замена на дотраена столарија со столарија од трајни материјали и термопан стакло, конзервација и реставрација на партерот и на потпорните ѕидови со дренажа.

На почетокот на работите увид направи градоначланикот Иван Гоцевски заедно сопретставници од изведувачот, градежниот и конзерваторскиот надзор, директорот на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“, Златко Начовски, како и директорот на НУ Национален конзерваторски центар, Александар Јорданоски.

Градоначалникот Гоцевски истакна дека овој капитален проектсе реализирасо поддршка од Владата на Република Македонија и заложбите на премиерот проф. д-р Христијан Мицкоскииќе овозможикомплетно враќање на сјајот на Спомен-домот, симболотна првото организирано македонско востание и сведоштво за храброста и непокорот на нашиот народ.

–Кога зборувавме дека ќе го обновиме Спомен-домотпосветен наРазловечкото востание, многумина ни се смееја и велеа дека тоа никогаш нема да се оствари. Денес, со мирна совест и со љубов ги потсетуваме дека ветувањата дадени пред граѓаните не биле празни зборови, туку јасна цел која чекор по чекор ја претвораме во реалност.

Со особено задоволство ја споделувам веста дека активно се работи на обновата на Спомен-домот во село Разловци – место кое има огромно историско значење за нашиот народ. Како градоначалник, останувам целосно посветен на зачувување на нашето културно и историско наследство. Разловци го заслужува ова, а нашите идни генерации заслужуваат да растат со чувство на гордост и припадност кон сопствената историја, порача Гоцевски.

За директорот Начовскиреконструкцијата на овој значаен објект во село Разловци подразбира доведување во оригиналната архитектонска форма проектирана од македонскиот прочуен архитект Константиновски. Со тоа,конечно,селото Разловци,Општина Делчево и нашата држава добива мултифункционален репрезентативен објект кој доликува на историската вредност на Разловечкото востание од 1876 година.

Средствата за реставрација и конзервација на спомен –домот „Разловечко востание“ се обезбедени преку Министерството за култура и туризам.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.

Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)

Телефон / Факс:+389 33 411 550

Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk

Веб страна:www.delcevo.gov.mk


Извор: Општина Делчево