за прибирање барања за користење средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2026 година, наменети за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите
Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2026 година, од Програмата ЕО-Општинска администрација, ставка 463 – Трансфери до невладини организации, потставка 463110 – Трансфери до здруженија и фондации, ќе се врши во согласност со Правилникот за постапката и начинот на распределба на финансиски средства од Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите на Општина Центар-Скопје и врз основа на критериумите и приоритетите што се наведени во овој повик.
Средствата од Буџетот на Општина Центар-Скопје ќе се користат за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите преку грантови за програми (проекти) во следниве приоритетни области:
Здруженијата и фондациите треба да понудат креативни и иновативни проекти со осмислени програми и содржини што може да се имплементираат во Општина Центар-Скопје во приоритетните области определени со Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2026 година.
2. Прeдвидени средств
За финансирање на понудените програмски активности, во согласност со овој Јавен повик, ќе се користат средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2026 година.
3. Доставување извештај
Здруженијата и фондациите на кои ќе им бидат доделени средства во согласност со Програмата и Правилникот запостапката и начинот на распределба на финансиски средства од Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите на Општина Центар-Скопје за 2026 година по завршувањето на своите програмски активности имаат обврска да достават Извештај за користењето на средствата до Секторот за Локален економски развој на Општина Центар-Скопје и до Секторот за финансиски прашања на Општина Центар-Скопје.
4.Право на учество и критериуми
Право на учество во Јавниот повик ќе имаат здруженијата и фондациите со седиште на територијата на Општина Центар-Скопје како матична општина каде што физички ќе се реализираат проектите, а кои ги исполнуваат следниве критериуми:
– да се регистрирани како здружение или фондација во согласност со Законот за здруженија и фондации, со седиште во Општина Центар-Скопје или да имаат регистрирано подружница на територија на општина Центар – Скопје;
– да имаат активна трансакциска сметка и активен статус на дејствување од најмалку една (1) година;
– да дејствуваат на територијата на Општина Центар-Скопје;
– да поднеле извештај за користење на средствата од Буџетот на Општината, ако за 2025 година добиле средства преку Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите;
– да се занимаваат со активности и проекти од јавен интерес во согласност со точка 1 од овој повик.
5. Потребна документација што здружението/фондацијата треба да ја достави со Пријавата за финансиска поддршка на здруженија и фондации.
Здруженијата и фондациите што учествуваат во Јавниот повик треба да достават:
Напомена: Пријавата за финансиска поддршка е достапна на веб-страницата на Општина Центар-Скопје (www.opstinacentar.gov.mk). Пријавите со нецелосна документација или пријавите што ќе бидат доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.
6. Рок и начин на доставување на пријавите.
Рок за поднесување на пријавите е 10 (десет) дена од денот на објавувањето на веб-страницата на Општина Центар-Скопје.
Пријавата со целокупната документација може да се достави преку пошта на адреса:
Општина Центар-Скопје
ул. „Михаил Цоков“ бр.1
или во Архивата на Општина Центар-Скопје (барака 6) од 9.00 до 15.00 часот.
Здруженијата и фондациите учесници во Јавниот повик ќе бидат известени за резултатите по објавувањето на Одлуката за распределба на средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2026 година за финансирање на здруженија и фондации во „Службен гласник на Општина Центар-Скопје“.
Називите на здруженијата и фондациите што добиле средства за проектите од областите во Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите ќе бидат објавени на веб-страницата на Општина Центар-Скопје (www.opstinacentar.gov.mk).
ОПШТИНА ЦЕНТАР-СКОПЈЕ
Д-р Горан Герасимовски
Извор: Општина Центар