Делчево (Новости): Донација за Делчево: вакумска метларка за чистење на улиците

објавено во Општински вести | 0
Општина Делчево доби донација-нова машина за чистење на улиците од фирматаМ-Д РЕНТАЛС ДООЕЛ Скопје. Конкретно, станува збор за нова машина – вакумска метларка за чистење на улиците, произведена во 2024 година, марка BAIYI, ИСО и СЕ- сертифицирана. Машината е со проценета вредностод399.992,оо денари со вклучен ДДВ.

Градоначалникот на Општина Делчево денеска го потпиша Договоротсо компанијатаза донација наОпштина Делчевопри што истакна дека е во прашањезначајна донација која ќе придонесе за поефикасно одржување на јавната чистота, почисти улици и поуредени јавни површини во нашиот град.

–Новата современа машина ќе биде ставена во функција на граѓаните и ќе помогне во секојдневното одржување на хигиената во Делчево, со што дополнително се подобрува квалитетот на урбаното живеење.Изразувам , искрена благодарност до компанијата „М-Д РЕНТАЛС“ за општествената одговорност и поддршката кон Општина Делчево. Со ова уште еднаш се потврдува дека нашите заложби како општина се препознаваатисеподдржуваат, кога се работи посветено и во интерес на граѓаните.

Продолжуваме со конкретни дела и инвестиции за поубаво и почисто Делчево, нагласи Гоцевски.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.

Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)

Телефон / Факс:+389 33 411 550

Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk

Веб страна:www.delcevo.gov.mk


Извор: Општина Делчево