На средбата стана збор за енергетската иднина на Битола, за новиот Закон за енергетика кој опфаќа широка лепеза на одговорности и за општините. Зборуваа и за новите можности за имплементација на енергетска ефикасност во јавни институции и потребата од вклучувањето на индивидуалните објекти во насока на подобрување на енергетската ефикасност. Дел од регулативите се содржат и во Општинскиот енергетски план за 2026 година за Општина Битола, кој ќе се најде на наредната седница на Советот.
Градоначалникот Коњановски заедно со министерката Божиновска, како и Фатих Туркменоглу од ЕБОР присуствуваа на финалниот настан на програмата „Вештини на иднината“ насочена кон унапредување на знаењата и вештините на вработените во АД ЕСМ, кој се одржа на Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола.
ЈАВЕН ПОВИК за доделување на финансиски средства од буџетот на општина Битола на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти за 2026 година
ИНОВАТИВНИ РЕШЕНИЈА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ВОДОСНАБДУВАЊЕТО ВО СЕЛАТА И СПРАВУВАЊЕ СО НЕДОСТИГОТ НА ВОДА КАЈ РУРАЛНИ И ПЛАНИНСКИ ПОДРАЧЈА.
Извор: Општина Битола
