Делчево (Новости): ТИРЗ Делчево ќе се трансформира во индустриска зона

објавено во Општински вести | 0
Технолошко-индустрискатата развојна зони во Делчево,ќе се трансформира во индустриска зона и ќе биде под надлежност на општината. Ова меѓу другото е дел од Законот за индустриски зони-зелени зони и тема на денешниот консултативен состанок на градоначалникот Иван Гоцевски со директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски кој се одржа денеска во Скопје.

На состанокот беа образложени законските прописи, текот на трансформацијата и чекорите кои треба да ги преземе општината за трансформацијата на зоната.

Градоначалникот Гоцевски истакна дека ова е  решение што отвора нова перпектива на зоната кој скоро 15 години е нефункционална.

-Општината ќе има поголема контрола врз земјиштето и развојот на зоната и наместо да чекаме големи странски фабрики, зоната може да се нуди на домашни компании, мали и средни бизниси, магацини, лесна индустрија и сл. Сметам дека на овој начин може побрзо да се активира просторот, а од друга страна општината би добивала приходи од комуналии, закупнини и сл. Зоната во Делчево има одлична локација со површина од 20, 83 хектари и овде има 8 градежни парцели за капацитети од лесна незагадувачка индустрија кои заслужуваат нов почеток, нагласи Гоцевски.

Инаку, освен во Делчево, со Законот се опфатени и технолошко-индустриските зони во Виница, Берово, Ранковци и Радовиш.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.

Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)

Телефон / Факс:+389 33 411 550

Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk

Веб страна:www.delcevo.gov.mk


Извор: Општина Делчево