Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата распишуваликовен конкурснаменет за учениците од основното образование (од 1 до 9 одделение).
Темата на конкурсот е:„Играј паметно, движи се безбедно и твори слободно“
Целта на конкурсот е да се поттикне креативноста кај учениците, но и да се подигне свеста за безбедно однесување во сообраќајот преку уметничко изразување.
Творбите треба да бидат изработени наблок број 5
На задната страна задолжително да се наведат:име, презиме и ментор
Конкурсот ќе трае10 дена од денот на објавувањето.
Ги повикуваме сите ученици да земат учество и преку своите креативни дела да испратат силна порака за безбедност во сообраќајот.
Извор: Општина Кривогаштани