Неготино (Вести): Во Неготино се одржа првата ,, Промили ” трка со учество на над 330 учесници од Македонија25/05/2026|Новости|adminИмпозантна масовност со учество на преку 330 учесници од…Read More→Во Неготино се одржа првата ,, Промили ” трка со учество на над 330 учесници од Македонија

објавено во Општински вести | 0
25/05/2026|Новости|admin

Импозантна масовност со учество на преку 330 учесници од цела Македонија и различни возрасни категории, како и беспрекорна организација на целиот настан го одбележаа премиерното издание на трката ,, Промили ” која за прв пат се одржа во Неготино и се одвиваше долж улицата Маршал Тито во двата правци.

Сите пријавени учесници кои го зазедоа своето место на стартот на трката се морални победници независно дали се бореа за највисок пласман или трката ја истрчаа рекреативно.

Инаку, учесниците се натпреваруваа во 2 дисциплини и тоа на 5 и на 10 километри во зависност од физичката подготвеност.

За најдобро пласираните тркачи беа обезбедени и им беа доделени пригодни награди и признанија. Првата ,, Промили ” трка беше финансиски поддржана од општина Неготино и многубројни спонзори.

По завршувањето на натпреварувачкиот дел, на градскиот плоштад беше организирана забава за сите натпреварувачи и присутни граѓани која помина во пријатна и релаксирана атмосфера.


Извор: Општина Неготино