Делчево (Новости): Објавени конкурсите за општински стипендии на талентирани ученици

објавено во Општински вести | 0
Општина Делчево денеска ги објави конкурсите за доделување општински стипендии за ученици и студенти. Согласно со конкурсите, Општина Делчево годинава ќе доделува 19 стипендии за средношколци во три категории и 4 стипендии за студенти во две категории. Стипендиите се неповратни и ќе се исплаќаат за период од девет месеци започнувајќи од јануари 2026г. Висината на стипендијата зависи од категоријата на која аплицира средношколецот, односно2000 ден месечно за првата категорија и2.500 денари месечно за втората, додекастипендијата за ученик со попреченост ќе изнесува 2 000 ден. Висината на стипендиите за студенти изнесува 2.500 денари месечно за првата категорија и 4.000 денари месечно за втората категорија.

Конкурсотза доделување стипендии е објавен на општинската веб-страница,delcevo.gov.mk. Потребните документи можат да се доставуваат по пошта и во Архива на Општина Делчево секој ден од 7.30 до 15.30 ч. Конкурсот е отворен до18.02.2026.

Податоци за потребните документи на следните линкови

КОНКУРС за доделување на 18 стипендии на одлични ученици од СОУ „М.М.Брицо“ од II, III и IV година за учебната 2025/2026 година и 1 стипендија на ученик со попреченост од СОУ„М.М.Брицо“од I,II,II и IV за учебната 2025/2026 година

КОНКУРС за доделување на 4 стипендии на студенти кои студираат на државните универзитети во Република Северна Македонија – 2026

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.

Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)

Телефон / Факс:+389 33 411 550

Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk

Веб страна:www.delcevo.gov.mk


Извор: Општина Делчево