Во духот на заедништво, фер-плеј и спортска енергија, денес во Новаци успешно се одржа Спортскиот ден по повод големиот јубилеј – 30 години од основањето на Општина Новаци!
Повеќенаменското игралиште во с. Новаци беше исполнето со позитивна атмосфера, натпреварувачки дух и многу насмевки. Учесниците покажаа одлична игра, тимска работа и вистинска љубов кон спортот.
Овој настан уште еднаш потврди дека Новаци знае да обедини – преку спортот, дружењето и заедничките вредности кои ги негуваме веќе три децении.
РЕЗУЛТАТИ:
Фудбалски турнир:
1 место – ФК Добромири
2 место – Сервис Пока
3 место – Јанг Бојс
Влечење на јаже:
1 место – ЈПКД „Комунална Хигиена“ Новаци
2 место – Тим Добромири
3 место – Сервис Пока
Скок во далечина:
1 место – Александар Темелковски
2 место – Зоран Николовски
3 место – Даниел Китановски
Честитки до сите победници за постигнатите резултати, но и до сите учесници кои со своето учество го направија овој ден посебен!
Голема благодарност до сите кои помогнаа во организацијата и реализацијата на настанот, како и до сите посетители кои беа дел од оваа прекрасна приказна.
Да продолжиме заедно да градиме успешна, активна и обединета заедница – 30 години Општина Новаци!

Извор: Општина Новаци