Со оваа инвестиција, општината создава современо и достапно место каде младите ќе можат активно да го поминуваат своето слободно време, да спортуваат, да се дружат и да развиваат здрави животни навики.
Текболот како иновативен и динамичен спорт станува се попопуларен меѓу младите, нудејќи можност за рекреација, натпреварување и развој на спортскиот дух. Со воведувањето на вакви модерни спортски содржини, Општина Ѓорче Петров продолжува континуирано да инвестира во подобрување на јавните простори и во унапредување на спортската култура во заедницата.
Поставувањето на текбол масите е реализирано во партнерство со организацијатаSports Social Solutionsи Текбол федерацијата, во рамки на европскиот проектYouth Balkan Placemaking, со поддршка од Европската Унија.
Извор: Општина Ѓорче петров
