Согласно Законот за енергетика, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги информира сите заинтересирани инвеститори за роковите за поднесување иницијативи за вклучување нови енергетски објекти во Годишниот план за изградба на енергетски објекти за производство на електрична и топлинска енергија и складирање на електрична енергија.Рокови за поднесување:До 1 април во Единицата на локалната самоуправа (општина Прилеп), за енергетски објекти со инсталирана моќност помала од 1 MW.До 1 јуни во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, за енергетски објекти со инсталирана моќност еднаква или поголема од 1 MW.Обрасците за поднесување иницијатива, како и потребната документација, се достапни во Правилникот за изработка на Годишниот план за изградба на енергетски објекти.Правилникот и останатите документи се дадени на следниот линк:
https://energy.gov.mk/mk-MK/dokumenti/godisni-planovi-za-izgradba-na-energetski-objekti
Извор: Општина Прилеп
