На средбата беше истакнато дека Делчево е расадник на млади и успешни луѓе кои со своето знаење, труд и посветеност успеваат да изградат значајни кариери и да бидат препознаени на меѓународно ниво. Градоначалникот Гоцевски посочи дека успехот на д-р Пановска претставува инспирација за младите генерации во Делчево и доказ дека од овој крај произлегуваат луѓе кои можат да дадат значаен придонес во современата наука и општеството.
Во разговорот беше потенцирана и потребата институциите да продолжат со поддршка на младите, образованието и создавањето услови за развој на нови успешни приказни кои ќе го афирмираат Делчево и во иднина.
Инаку, биографијата на д-р Пановска е импресивна и ја надминуваобичната биографија.Таа дипломирала физика во Скопје, магистрирала геофизика во Штип, докторирала на ETH Цирих, а постдокторските студии ги завршила на Универзитетот во Калифорнија. Денес е лидер на истражувачка група во Германскиот центар за геофизика во Потсдам и управува со европски проект вреден два милиони евра. Во 2025 година берлинскиот весник „Тагесшпигел“ ја поставува меѓу 100-те најзначајни научници во Берлин.
Нејзиното поле е геомагнетизам: го проучува магнетното поле на Земјата, неговите промени низ историјата, екскурзиите и преобртите. Овие истражувања, иако звучат далечни, директно влијаат на космичкото зрачење кое стига до нас, на климата и на сите технологии што зависат од навигацијата и комуникацијата.
Таа е наратор на документарниот филм „Магнетен Мозаик” кој е награден од УНЕСКО во категоријата–Жени во науката. Има напишано детска книга „Мојата Земја”, преведена на повеќе јазици. Таа работи и на едукативен проект со загатки и игри наменети за деца меѓу три и осум години, со цел да ги запознае со геонауките.
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.
Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)
Телефон / Факс:+389 33 411 550
Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk
Веб страна:www.delcevo.gov.mk
Извор: Општина Делчево
