Новаци: Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, го посетиманастирот „Св. Петар и Павле“ Рапеш

објавено во Општински вести | 0
Денес имав чест, заедно со Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, да го посетиме манастирот „Св. Петар и Павле“ во близина на село Рапеш, кој е во фаза на изградба.
Овој манастир претставува значајно духовно и културно светилиште за овој крај. Неговата изградба е сведоштво за верата, посветеноста и заедништвото на сите кои несебично придонесуваат за неговото создавање.
Денешната посета и благослов од Митрополитот г. Петар претставуваат силен поттик ова свето место да продолжи да се развива и гради.
Како локална самоуправа, ќе продолжиме да ги поддржуваме иницијативите кои придонесуваат за зачувување на духовното, културното и историското наследство на Општина Новаци.


Извор: Општина Новаци