Со оваа донација, учениците ќе можат директно и низ пракса, во самиот училишен двор, да учат како био-отпадот се претвора во квалитетно природно ѓубриво и што всушност значат одржливите практики и циркуларната економија.
Упатуваме голема благодарност до Владата на Швајцарија и Амбасадата на Швајцарија, кои преку програмата Цивика мобилитас го овозможуваат овој процес. Благодариме и до имплементаторите на проектот – Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Македонија, Еко Логик и Флорозон -Центар за еколошка демократија, за нивниот ангажман во едукацијата и поттикнувањето на еколошката свест.
Општина Кисела Вода продолжува да дава силна поддршка за сите проекти кои обезбедуваат позелена и поздрава средина за нашите дечиња.
Извор: Општина Кисела вода