ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС ВО ОБЛАСТА КУЛТУРА И КУЛТУРНО ТВОРЕШТВО НА ОПШТИНА ДЕБРЦА ЗА 2026 ГОДИНА
Инвестирањето во културата, културното творештво и презентација на културните вредности на општина Дебрца е значаен приоритет во работењето на општината. Согласно програмата за култура за 2026 година, Општина Дебрца на Јавниот повик за финансирање на проекти од јавен интерес на Општина Дебрца за 2026 година од областа на културата, ќе поддржи идеи на здруженија на граѓани, како и активности на поединци и останати субјекти кои ќе придонесат за промоција на културните вредности и традицијата на општина Дебрца. Предлог проектите треба да се однесуваат на активности од областа на културата кои ќе бидат насочени кон директна помош на општина Дебрца во остварување на нејзината основна функција и предвидени конкретни активности.
Целта на реализација на оваа активност е Општина Дебрца да обезбеди стимулирање и презентација на вредностите и достигнувањата од јавен интерес во областа на културата и културното творештво, презентација на специфичните традиции во општината со цел нивно зачувување од заборав и пренесување на нив до младата генерација.
Согласно законската регулатива а во согласност со донесената програма за култура за 2026 година, Општина Дебрца како единица на локалната самоуправа води активна политика на силна финансиска поддршка во областите: организација на културни настани, активности, манифестации како и поддршка на здруженија на граѓани, поддршка на талентирани поединци и млади неафирмирани уметници, проекти од областа на ликовната и музичката уметност, брендирање и креирање на локални културни производи и сувенири.
ПРАВО НА УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ
– Здруженија на граѓани, асоцијации и слично, поединци кои работат во областа на културата и културното творештво чии што предвидени активности се на територијата на општина Дебрца или се однесуваат на богатите традиции кои ги имаат населените места во општината Дебрца.
НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ
Пријавувањето на Јавниот повик се врши со доставување на предлог проект, каде детално ќе биде образложена идејата и ќе има финасиска рамка.
Предлог идеите за кои ќе бидат доделени финансиски средства, ќе се реализираат во рамките на програмата за култура во текот на 2026 година.
Со пријавата може да се достават и други документи/материјали за дообјаснување на проектот, за кои учесникот на Јавниот повик цени дека е потребно да ги достави.
Нема да бидат разгледувани пријави: доставени по истекот на рокот на Јавниот повик, пријави доставени по електронска пошта, нецелосно пополнети и нецелосни предлог проекти без приложени документи кои задолжително се бараат. Материјалите доставени со пријавите на Јавниот повик не се враќаат.
Пријавите со документите се доставуваат во затворен коверт:Општина Дебрца с. Белчишта, со назнака за „Јавен повик за финансирање на проекти од област култура и културно творештво на општина Дебрца за 2026 година“– лично во архивата на Општина Дебрца.
Јавниот повик ќе трае најдоцна до28.01.2026 година (среда), до 15.00 часот.
Во прилог на пријавата барателите се должни да ја обезбедат и следнава
Правните субјекти – здруженија на граѓани да достават:
а) Пополнета пријава/апликација (пријавата ќе биде објавена на веб-страницата на
општина Дебрца: www.debrca.gov.mk);
б) Копија од Тековна состојба за регистрирана дејност не постара од шест месеци,
издадена од Централен регистар на Република Македонија;
в) Потврда за отворена и активна жиро сметка во банка не постара од шест месеци;
г) Референтна листа за претходно организирани и реализирани програми, проекти,
програмски активности и манифестации во последните три години.
Физичките лица – уметници и самостојни уметници да достават:
а) Пополнета пријава/апликација (пријавата ќе биде објавена на веб-страницата на
општина Дебрца: www.debrca.gov.mk);
б) Кратка биографија и СV на апликантот;
в) Копија од предната страна на трансакциска сметка (исклучиво лична на
апликантот, не ополномоштена од трето лице, а доколку барателот е малолетно лице трансакциската сметка треба да е исклучиво лична на барателот ополномоштена од
КРИТЕРИУМИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ
За да се утврди дека програмите и проектите се од интерес на Општина Дебрца, тие треба да исполнуваат најмалку еден од следниве општи критериуми:
од интерес за општина Дебрца;
и едукативни проекти;
користeње на културното наследство како ресурс за развој на туризмот;
значењето на културното наследство значајно за општина Дебрца;
зборници што обработуваат теми од современиот живот и историјата на
придонесуваат кон продолгување на туристичката сезона и зголемување на
подготовката и реализацијата на културно-туристички настани, со цел градење на
заеднички идентитет и гордост.
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ЈАВНИОТ ПОВИК
Избраните проекти за финансирање ќе бидат објавени на веб страната на општина Дебрца:www.debrca.gov.mk, и со секој добитник ќе биде склучен договор за регулирање на меѓусебните права и обврски а средствата за реализација на овие активности се предвидени во рамки на Програмата за култура на општина Дебрца за 2026 година.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Дополнителни информации во врска со Јавниот повик може да се добијат на тел: 046/286855.
Прилог:Апликационен-формулар култура
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Дебрца. Тука можете да ги најдете сите новости, информации, и документи поврзани со работењето на општината.
Адреса:с. Белчишта б.б.,6344, Дебрца
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 11:00 до 11:30 часот)
Телефон / Факс:+389(0)46286855
Е-поштаcontact@debrca.gov.mk
Извор: Општина Дебрца